Москва: нападот на САД во Сирија, акт на агресија

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитри Песков, Москва, 05.04.2017.

Официјална Москва соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин смета дека американски воздушен напад врз Сирија е акт на агресија против суверена земја. Според Москва, тоа ќе им наштети на односите меѓу САД и Русија и ќе ги поткопа напорите за борба против тероризмот. „Претседателот Путин верува дека нападот е обид да се привлече вниманието на меѓународната заедница од многубројните цивилни жртви во Ирак“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков. Претходно Песков изјави дека руската поддршка за сирискиот претседател Башар ал Асад не е безусловна. „Тоа е невозможно во овој свет“, рече тој во интервју за новинската агенција Асошитед прес, додавајќи дека сепак, „не е коректно да се каже дека Москва може да го увери Асад да прави она што го сака Русија“.