Собраниската седница ќе продолжи в понеделник

Архива - Продолжение на конститутивната седница на деветиот парламентарен состав. Собрание.

Заврши продолжението на конститутивната седница на Собранието на Македонија. Пратениците се на третата точка – избор на Комисија за избори и именувања. На собраниската говорница пратениците зборуваа за процедурални забелешки.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека намерата да се одземе збор на пратеник е класично политичко насилство и обид за државен удар.

Пратениците од СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците рекоа дека Собранието намерно се блокира со цел да не се пристапи кон изјаснување по нивниот предлог за избор на нов собраниски спикер.

Собранието ќе продолжи со работа в понеделник во 11 часот, рече претседавачот на седницата Трајко Велјаноски.