Руски истражители нашле експлозивна направа во стан во Санкт Петербург

Архива - Луѓе држат свеќи за жртвите во метрото во Санкт Петербург. 05.04.2017

Руски истражители велат дека пребарувале стан во Санкт Петербург каде живееле голем број на лица од Централна Азија кои имале контакт со Акбарјон Јалилов - осомничениот за бомбашкиот напад во метрото. Федералниот истражен комитет денеска соопшти дека се најдени „предмети кои се значајни“ за истрагата. Други детали не се објавени.

Во меѓувреме новинските агенции Интерфакс и Фонтанка цитираа неименувани извори како велат дека властите уапсиле неколку можни соучесници во бомбашкиот напад од 3 парил, но засега нема официјална потврда од властите.

Претходно денеска беше соопштено дека експлозивна направа била пронајдена во стан во Санкт Петербург и била деактивирана откако зградата била евакуирана. Немало моментални индикации за поврзаност со експлозивната направа и бомбашкиот напад во метрото.