Пенс и Тилерсон бараат Русија да ги преиспита односите со Асад

Американскиот потпретседател Мајк Пенс

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека нема сомневање оти сиријската влада стои зад хемискиот напад што деновиве се случи во Сирија кога загинаа над 80 луѓе. Тој побара од Русија да помогне во елиминирањето на хемиското оружје во Сирија. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон побара од Русија да ги преразгледа нејзините односи со сирискиот претседател Башар ал Асад, кој како што рече, бил одговорен за страшниот хемиски напад.