Трет ден протести во Белград поради победата на Вучиќ

Белград, 05.04.2017.

Пред зградата на српскиот Парламент во Белград се одржаа протести поради победата на досегашниот српски премиер Александар Вучиќ на претседателските избори во Србија. Стотици, претежно млади, лица скандираа слогани и носеа транспаренти со натписи: „Стоп за диктатурата“, „Во аголот“, „Крај“ и слично. Тие вчера излегоа и со барања: да бидат променети раководствата на српската државна изборна комисија и на националниот медиумски регулатор, како и директорот на српската државна телевизија и неговиот главен уредник, кои ги обвинуваат за изборна измама. Вучиќ победи во првиот круг од претседателските избори што се одржа во неделата.