Вељаноски не прифати седницата да трае и по 18 часот

Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски.

Конститутивната собраниска седница ќе продолжи утре. Претседавачот со седницата Трајко Вељаноски не го прифати барањето од Оливер Спасовски од СДСМ да овозможи да се гласа за продолжување на работата на Собранието и по 18 часот се до исцрпување на дневниот ред на конститутивната седница. Тоа барање, како што рече Спасовски, во име на 61 пратеник, го поднеле и до собраниската архива, имајќи предвид дека имало ваква пракса.

Вељаноски образложи дека согласно измените на собранискиот Деловник, за продолжување на работното време на Собранието, не се одлучува по барање на пратеници.