Заев и Ахмети бараат начин за деблокада на Собранието

Заедничка фотографија на лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ДУИ Али Ахмети.

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети на средба во Собранието разговарале за опциите како да се деблокира работата на законодавниот дом. Но нема информации дали нешто било договорено на средбата. По редовната пауза пратениците продолжија да дебатираат на конститутивната седница и сега на ред е петиот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од вкупно пријавените 51 за збор. Пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ побара широка дебата од сите за излез од сегашната политичка состојба.

Пратеникот Љупчо Николовски од СДСМ на прес-конференција во Собранието запрашан дали форматот лидерска средба е еден од начините за излез од кризата, рече дека не планираат да преговарат и да се договараат со, како што рече, криминалци и луѓе кои ја довеле Македонија во оваа криза.