ВМРО-ДПМНЕ бара откажување од тиранската платформа, СДСМ бара одблокирање

Манифестот за единствена Македонија е создаден со цел да има обединување околу националниот интерес, истакна денеска на прес-конференција Даниела Рангелова, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Рангелова нагалси дека граѓаните не сакаат редефинирање по урнек препорачан од други држави, ниту пак сакаат менување на Устав и вметнување на тиранската платформа во него, посочувајќи дека СДСМ молчејќи прифаќа редифинирање на Македонија.

Според Рангелова, СДСМ со платформата има цел да го смени и Уставното име на Република Македонија и затоа ВМРО-ДПМНЕ преку Манифестот предлага партиите да се договорат да не се прифаќа промена на Уставот со цел промена на уставното име.

СДСМ, пак, повторно побара да се деблокира работата на македонското Собрание за да може да се исплатат заостанатите субвенции на земјоделците и да се овозможи нивна редовна исплата.

Љупчо Николовски во Собранието праша зошто Министерството за финансии не ги исплаќа субвенциите ако Платежната агенција ги испратила налозите.