Албанската обединета опозиција со услови до Рама

лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша

Лидерите на обединетата албанска опозиција не се откажуваат од барањето за техничка влада и спроведување слободни и фер избори. На средбата со лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша, меѓу присутните биле и лидерот на Партијата на Грците, Вангел Дуле, на „Црвено црните“, Крешник Спахиу и на Републиканската, Фатмир Медиу. До средбата дошло по изјавата на Илир Мета, коалициски партнер на премиерот Еди Рама, дека без опозицијата изборите би биле фарса. Парламентарните избори во Албанија се закажани за 18 јуни, датум од кој не се откажува Рама, наведувајќи дека избори ќе има и без учество на опозицијата.