Протест на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Скопје

Неколку илјади луѓе и попладнево излегоа на протест на иницијативата „За заедничка Македонија“. Илјадници граѓани 37 дена по ред протестираат во Скопје и други градови во земјата. Тие се против таканаречената Тиранска платформа на албанските партии, која, како што велат, води кон воведување на двојазичност и федерализација на земјата.