Времето денеска: облачно со повремен локален дожд

Во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 12 до 18 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 степени.