Опозицијата во Албанија бара одложување на изборите

Лидерот на албанската Демократска партија, Љуљзим Баша.

Лидерот на албанската Демократска партија, Љуљзим Баша денеска изјави дека опозицијата бара да се одложат парламентарните избори во земјата, закажани за 18 јуни.

„Во земјата нема услови за чесни избори, бидејќи криминалната и корумпирана Влада на Еди Рама ги манипулира“, рече Баша.

Според него, доколку не се формира техничка влада нема да има и избори во земјата. Баша порача и дека ќе продолжат протестите на опозицијата во Тирана, кои се собрани во шатори пред зградата на владата.