Кинески регион со нови мерки против тероризмот

Припадничка на етинчката група Ујгури во Ксинџијанг.

Кинескиот западен регион Ксинџијанг воведе рестриктивни мерки како дел од кампањата во бробата против верскиот екстремизам. Законот беше усвоен од страна на пратениците во регионот и од денеска стапува на сила. Со него се забранува носењето на долги бради и наметки кои го покриваат целото тело и лице. Властите во регионот во изминатите години спроведоа низа мерки во борбата против верскиот екстремизам.

Во Ксинџијанг живеат турски етнички групи на Ујгурите.Регионот беше цел на насилства во последиот период, а Пекинг ја обвинува милитантната група Исламска држава за немирите.