Демонстрантите го запалија Конгресот во Парагвај

Конгресот во Паргвај.

Демонстрантите во Парагвај го запалија Конгресот откако пратениците тајно гласаа за устваниот амандман со кој ќе му се овозможи на претседателот да се кандидира на изборите. Полицијата употребила гумени куршуми и водени топови со цел да ја растури толпата. Десетици луѓе биле повредени, меѓу кои имало демонстранти, полицајци и политичари. Претседателот Хорацио Картес апелираше за мир и предупреди дека властите ќе продолжат со нивните напори за одржување на јавниот ред во земјата.

Уставот на земјата го ограничува претседателот на еден петгодишен мандат, но Картес се обидува да ја отстрани забраната. Вчера 25 сенатори, кои имаат мнозинство во Сенатот на тајна средба го одобриле амандманот, кој мора да помине и во Домот на претници каде партијата на Картес го има мнозинството.