Со лична карта ќе може да се патува од Македонија во БИХ

Архивска фотографија, Жена поднесува барање за нова лична карта во Скопје.

Владата на Босна и Херцеговина денеска ја утврдила предлогот-основата за водење преговори заради склучување договор со Владата на Mакедонија за олеснување на условите за патување на државјаните на двете земји.

Договорот, како што јавуваaт новинските агенции, треба да им овозможи на државјаните на БиХ и на Македонија меѓусебен безвизен режим до 90 дена во период од шест месеци, со важечки патни документи или важечка биометриска лична карта на сите гранични премини за меѓународен сообраќај. Граѓаните на двете земји кои имаат намера да останат подолго од 90 дена на територијата на една од државите го регулираат својот престој во согласност со нејзиното законодавство.

Предлогот треба да биде доставен до Претседателството на БиХ, а за потписник на документот е предложен министерот за надворешни работи.