Денеска седница на Собранието на Македонија

Собрание на РМ, илустрација

Собранието на Македонија денеска треба да ја продолжи конститутивната седница на која ќе се избира претседател, заменик претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. На дневен ред на седницата е и избор на претседател на Собранието. Парламентарните партии во четвртокот постигнаа договор претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата да биде од ВМРО-ДПМНЕ. Според партиски извори, тоа најверојатно ќе биде Илија Димовски. Договорено е ВМРО-ДПМНЕ да има шест члена во Комисијата за прашања на изборите и именувањата, СДСМ пет, а ДУИ и Беса по еден член.