Заев - Избирање на претседател на Собранието в понеделник

Архива - Лидерот на СДСМ Зоран Заев на претседателот Ѓорге Иванов му го доставува доказот за обезбедно парламентарно мнозинство за формирање влада

Очекуваме во понеделник да се избере нов претседател на Собранието кој ќе го извести претседателот на државата Ѓорге Иванов дека е должен веднаш да ми го даде мандатот за состав на новата реформска Влада, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев по денешната средба со амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ, соопштуваат од СДСМ.

На состанокот тие рзговарале за потребата од брза разврска на политичката криза. Заев вели дека имаат обезбедено двотретинско парламентарно мнозинство од 67 пратеници и програма на новата реформска Влада за унитарна Македонија и оти никој не смее да ги блокира институциите за лични цели.