Неколкумина загинати во напад врз воена база во Чеченија

илустрација

Руските новински агенции јавуваат дека шест руски војници и шест напаѓачи денеска загинале во напад врз една воена база во Чеченија. Напаѓачите, како што се наведува, се обиделе да влезат во базата при што дошло до престрелка. Претежно муслиманскиот регион Северен Кавказ беше уништен во две војни меѓу руските сили и сепаратистите по распаѓањето на Советскиот сојуз.