Времето денеска: претежно сончево

Во Македонија претпладне ќе биде претежно сончево, попладне во планинските подрачја со појава на мала до умерена локална облачност. Преку денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 22 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.