Порошенко: Убиството на рускиот пратеник во Киев е „акт на тероризам од Русија“

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко денеска на неговиот твитер профил напиша дека убиството на поранешниот руски пратеник во Киев е „акт на државен тероризам од Русија“. Ваквата објава на Порошенко доаѓа на само некоолку часа по убиството на поранешниот руски пратеник Денис Вороненко во Киев. Порошенко истакна дека Вороненко бил еден од главните сведоци на како што вели, руската агресија против Украина и улогата на поранешниот претседател Виктор Јанукович во однос на влезот на руските војници во Украина. Тој додаде дека верува оти убиството не е случајно спроведено во истиот ден кога во избувна пожар и неколку експлозии во складиште за муниција.

Вороненко се пресели во Украина откако во Русија беше објавена истрага против него минатата година. Вороненко во јавноста стана познат по коментарите со кои ја критикуваше руската влада.