НАТО ќе го презакаже состанокот за да учествува и Тилерсон

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, Вашингтон, 22.03.2017.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека е „апсолутно сигурно“ оти полугодишниот состанок на шефовите на дипломатиите на Алијансата ќе биде презакажан за да може да учествува и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Столтенберг ова го изјави во интервју за новинската агенција Асошитед прес, наведувајќи дека тој во Вашингтон имал средба со Тилерсон на која разговарале и за престојниот состанок. Претходно беше соопштено дека Тилерсон планира да го прескокне министерскиот состанок на НАТО најавен за 5 и 6 април во Брисел. Оваа одлука ја зголеми загриженоста кај европските сојузници за посветеноста на администрацијата на претседателот Доналд Трамп спрема НАТО.