Тереза Меј го осуди нападот во Лондон

Британската премиерка Тереза Меј

Британската премиерка Тереза Меј го осуди, како што рече, „болниот и изопачен терористички напад“ во Лондон, оценувајќи дека не било случајно што тој бил изведен во близина на парламентот. „Британија нема да му се предаде на теророт“, рече таа, повикувајќи ги граѓаните да им се вратат на вообичаените активности. Меј додаде дека нивото на опасност од терористички напади останува непроменето, односно од нападите во август 2014 година и е на четврти од вкупно пет степени на опасност. Во вчерашниот напад загинаа пет луѓе, вклучувајќи го и напаѓачот, додека 40 други биле ранети.