Координативната седница во Собранието одложена за утре

Конститутивна седница на деветиот собраниски состав.

Координацијата за Комисијата за прашања на изборите и именувањата е одложена за утре во 11 часот. На денешното продолжение на координативната седница партиските претставници требаше да договорат кој ќе биде претседател на Комисијата. Изборот на претседател на Комисијата е предуслов за закажување продолжение на Конститутивната собраниска седница, на која треба да се избере претседател на Собранието.

На вчерашната координација беше договорен составот на Комисијата, односно ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена во Комисијата, СДСМ пет, а ДУИ и БЕСА да бидат застапени со по еден чен.

По вчерашната координација, од СДСМ изјавија дека нема да прифатат на чело на Комисијата да има пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, од ВМРО-ДПМНЕ пак велат дека тие се најголема пратеничка група и претседателот треба да е од нивните редови. И на денешната координација партиите си останале на своите ставови.