Продолжува координацијата за Комисијата за избори и именување

илустрација

Во Собранието на Македонија денеска напладне треба да продолжи координативна средба на парламентарните групи за утврдување на предлог составот на комисијата за прашања на изборите и именувањата, што е предуслов за закажување продолжение на Конститутивната собраниска седница. На координацијата се очекува да продолжат разговорите за избор на претседател на комисијата за избори и именувања, за што на вчерашната седница не беше постигнат договор. Во комисијата за избори и именувања, како што беше утврдено на почетокот на координацијата, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и Беса ќе бидат застапени со по еден член.