Демонстрантите со лекции до Европа за идентитет

Протест во организација на граѓанската иницијатива за „Заедничка Македонија“

Додека траат средбите на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и тројцата европратеници со лидерите на политичките партии застапени во Собранието продолжуваат протестите на иницијативата за „Заедничка Македонија. Организаторите повикаа на масовни протести денеска, а во моментов демонстрантите се собираат пред Владата од каде ќе се упатат накај Собранието.

Тие носат знамиња и шалови во боите на Македонија, како и транспаренти испишани со обвинувања дека Европа е лицемерна и дека треба да учи од Македонците што е идентитет.