Времето денеска: сончево со мала до умерена облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 19 до 24 степени. Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.