Партиски препукувања на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Илустративна фотографија - Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ останува на својата принципиелна понуда да му даде поддршка на Зоран Заев да формира влада, доколку СДСМ се откаже од тиранската платформа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ додавајќи, како што велат, ако толку ја почитува Заев да излезе на избори со платформата од Тирана како негова изборна програма. Партијата во соопштението го критикува СДСМ и Заев дека не ги осудиле изјавите на лидерот на Алијанска за Албанците Зијадин Села и оти со тоа ја одобрувале неговата агенда.

Со реакција преку партиско соопштение излезе и СДСМ. Оттаму наведуваат дека програмата на новата реформска влада ги гарантира унитарноста на Македонија и владеењето на правото и оти тој документ, како што велат, е видлив за сите освен за Никола Груевски и неговите соработници на кои не им одговара и саакаат да ја продлабочат политичката криза. Од СДСМ истакнуваат дека ќе има конститутивна седница, мандат за составување влада и нова реформска влада, која ВМРО-ДПМНЕ се должни да ја прифатат.