Тилерсон - Тензиите во Северна Кореја на опасно ниво

Прес-конференција на државниот секретар на САД Рекс Тилерсон во Сеул, Јужна Кореја. 17.03.2017

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека тензиите на Корејскиот полуостров достигнаа опасно ниво и вети дека Вашингтон ќе работи заедно со Кина за да спречи конфликт во регионот.

Тилерсон зборуваше денеска во Пекинг на последната станица на неговата турнеја во Источна Азија, на која доминираа загрижувањата околу Северна Кореја и заканите од нејзините нуклеарни и балистички ракети.

„Мислам дека го делиме заедничкиот став и чувство оти тензиите на Полуостровот во моментов се многу високи и дека работите достигнаа прилично опасно ниво“, рече Тилерсон по разговорите со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Вчера Тилерсон изјави дека воена акција е „опција на маса“ доколку заканата од Пјонгјанг се зголемува.