Заев пристигна во ОЈО на распит

Лидерот на СДСМ Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пристигна во Основното јавно обвинителство Скопје, каде треба да даде исказ во врска со отворениот предмет против него за изборни измами и злоупотреби на службените овластувања во вршење на функцијата на поранешни високи функционери во МВР и други луѓе од Скопје, Куманово и Струмица.

Заев во обвинителството дојде заедно со неговиот адвокат, Ване Андреев.

Во вчерашното соопштение на ОЈО беше наведено дека делата за кои се водат постапките се вршени во текот на 2014 и 2016 година. Според Основното јавно обвинителство постојат основи на сомнение дека лицата вршеле влијание врз начинот на гласањето преку различни форми за време на изборите.