СДСМ поднесе иницијатива до Собранието за седница

СДСМ ja поднесе иницијатива во Собранието за продолжување на конститутивната седница, со потписите од 67 пратеници. Како што изјави генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски тие очекуваат Трајко Вељановски веднаш да свика конститутивна седница.

- Прв чекор ќе биде изборот на нов претседател на Собранието кој ќе го тргне и последниот неразумен аргумент на претседателот Иванов кој е должен да го даде мандатот за состав на владата на лидерот на СДСМ Зоран Зоран, изјави Спасосвки

Тој рече дека очекуваат пред седницата да се свика координација на пратеничките групи во Собранието на која ќе се договорат за сите прашања. Посочи дека претседавачот на Собранието Вељаноски нема рок кога да ја свика собраниската седница, но, вели, дека очекува тој и секој пратеник да биде на висина на одговорноста.

Конститутивната седница на Собранието се одржа на 30 декември, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на Парламентот.