Меркел: Ердоган да престане да навредува

Германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Истанбул, 23.05.2016.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не сака да се вклучува во „ескалирачката војна на зборови со Турција“, додавајќи дека турските лидери би требало да престанат да навредуваат. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја критикуваше како „фашистичка“ и „нацистичка“ забраната на планираните митинзи на турски министри во Германија и Холандија за поддршка на референдумот во Турција за уставни промени со кои се зголемуваат ингеренциите на претседателот.