ОБСЕ ја продолжи мисијата во Украина

меѓународни посматрачи на ОБСЕ во Украина, 25.02.2017.

ОБСЕ ја продолжи нејзината мониторинг мисија во Украина до март 2018 година. Три години откако Москва го анектира Крим, тензиите меѓу Украина и сепаратистите поддржани од Русија се уште се големи, а договорот за прекин на огнот постигнат во 2015 година постојано се прекршува. Од почетокот на годинава досега загинале најмалку 20 цивили, соопштија Обединетите нации. Мисијата на ОБСЕ се состои од над 700 меѓународни посматрачи кои не се вооружени.