Времето денеска: сончево со локална облачност

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од минус три до шест, а дневната од 10 до 19 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 15 степени.