Ловџии во првите редови на протестот „За заедничка Македонија“

Ловџии од неколку друштва со теренски возила и неколку кучиња се во првите редови на денешниот протест на иницијатива „За заедничка Македонија“. И денеска неколку илјади демонстранти ја поминаат рутата од Влада до Собрание во знак на протест и барање на повлекување на, како што ја нарекуваат, тиранската платформа, Ова е трета недела како демонстранти во Скопје и други градови протетсираат за како што велат зачувување на унитарноста на земјата.