Премиерите од Западен Балкан на регионален самит во Сараево

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна присуствуваат на регионален Самит во Сараево, кој се одржува во период на политички тензии на целиот Западен Балкан и стравувања од руски обиди за дестабилизација на регионот. На Самитот епредвидено да учествува и европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан. Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека државите од регионот треба да испратат јасна порака за желбата за интегрирање во ЕУ со цел да се спротистават на растечкиот национализам и проруски тенденции.