Порошенко воведе санкции за руски банки во Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко

Украинскиот претседател Петро Порошенко воведе санкции за пет руски банки кои функционираат во Украина. Во соопштението од кабинетот на Порошенко е наведено дека санкциите се однесуваат само на една година, по препорака на Советот за националната безбедност и одбрана.

Во декретот на Порошенко е наведено дека министерството за надворешни работи ќе ги извести САД и ЕУ за преземените санкции и дека бара од нив да воведат слични мерки против петте банки.

Санкциите следуваат откако дојде до неколкудневни протести низ Украина против овие банки затоа што соопштија нивните менаџери во јавност соопштија дека ќе ја послушаат наредбата на рускиот претседател Владимир Путин и ќе ги признаат документите за идентификација на сепаратистите кои доаѓаат од Донецк и Луганск.

Една од петте банки ја повлече својата изјава и истакна дека нема да ги признае документите на сепаратистите.