Тилерсон најави „нов пристап“ кон Северна Кореја

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на средба со јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида во Токио.

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја повика Северна Кореја да се откаже од нуклеарната програма и посочи дека Пјонгјанг „не треба да се плаши од САД“. Тилерсон ова го изјави по средбата со јапонскиот министер за надворешни работи Фумио Кишида во Токио. Тилерсон истакна дека е потребен „нов пристап “ по дводецениските, како што ги нарече, неуспешни напори за да „ се доведе Северна Кореја до момент во кој нема да има нуклеарна програма“

Тилерсон на првото патување во Азија како американски дипломат не посочи детали за тоа каква е стратегијата на администрацијата на Трамп по ова прашање.