Јункер: на Западен Балкан му нудиме недвосмислена европска перспектива

Претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската Комисија (ЕК) Жан-Клод Јункер денеска во Стразбур изјави дека Западен Балкан е најкомпликуваниот регион во Европа и ја повика Европската унија да му посвети на регионот внимание кое му е потребно. Претседателите на ЕК и на Европскиот Совет (ЕС), Јункер и Доналд Туск за време на пленарно заседание на Европскиот Парламент во Стразбур ги известија европските пратеници за дебатата што ја имаа минатата недела лидерите на ЕУ за ситуацијата на Западен Балкан.

Комисијата сака да им понуди на земјите од Западен Балкан недвосмислена европска перспектива, рече Јункер.

Доналд Туск од своја страна истакна дека Европскиот Совет го зема предвид влијанието на внатрешните и надворешните сили на Западен Балкан, што имаат за цел дестабилизација.