Претседателот Иванов на форум во Азербејџан

Претседателот на РМ Ѓорге Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска и утре престојува во работна посета на Баку, Република Азербејџан, каде што ќе учествува на 5. Глобален Баку форум, во организација на меѓународниот центар „Низами Ганџави“.

Како што соопшти кабинетот на Претседателот, Иванов ќе се обрати на претседателската сесија на форумот на тема „Иднината на меѓународните односи: моќ и интереси“.

За време на посетата предвидено е тој да се сретне со претседателот на Азербејџан Илхам Алијев, како и со учесници на форумот.

На глобалниот форум ќе учествуваат над 100 актуелни и поранешни претседатели, премиери и министри, дипломати, голем број истакнати личности од општествениот и политичкиот живот, универзитетски професори, како и претставници на Програмата за млади лидери на Глобалниот форум.