„Етнос“: Превентивни мерки на грчката армија поради кризата во Македонија

Војници на граничниот премин Идомени меѓу Македонија и Грција

Грчкото министерство за одбрана презема превентивни мерки поради политичката криза во Македонија, пишува грчкиот весник Етнос. Според весникот, армиската воздушна единица, која лани одржа вежба во близина на границата со Македонија, добила наредба да биде подготвена за брзо префрлање на специјалци и оклопни возила.

Во написот се додава дека и граничната полиција и царината ќе ги засилат контролите на сите гранични премини.

Грчки аналитичари коментираат дека овие мерки се претерана реакција и се повеќе за внатрешна употреба и собирање политички поени на грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.