Денешните избори во Холандија, тест за ЕУ

Амстердам, 14.03.2017.

Холандските гласачи денеска избираат 150 пратеници во парламентот на кои главни фаворити се партијата на премиерот Марк Руте и Партијата за слобода на крајниот десничар и антиисламист Герт Вилдерс. Изборите се први од трите годинава во земјите членки на Европската унија кои ќе покажат во кој правец се движи Унијата по британскиот Брегзит и по победата на Доналд Трамп на изборите за претседател на САД.Пред изборите, Холандија се соочи со критики од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган откако холандските власти забранија митинзи на турски министри пред најавениот референдум во Турција за зголемување на овластувањата на претседателот.