Снежна бура на североистокот на САД

Илустративна фотографија: Куќа покриена со снег во Бафало, Њу Јорк.

Вонредна состојба е прогласена во североисточните американски сојузни држави Њујорк, Њу Џерси, Пенсилванија и Врџинија, поради голема зимска бура која донесе обилни врнежи на снег.

Повеќе од пет илјади летови се откажани на аеродромите во Њујорк, Вашингтон, Бостон, Балтимор и Филаделфија, а затворени се и многу училишта.

Невремето се очекува да предизвика на нарушувања на патничкиот сообраќај, а ветровите кои се очекува да достигнат брзина до 100 километри на час. Околу 50 милиони луѓе во САД се предупредени за лошите временски услови.