САД загрижени за притворањата во Белорусија

Белорусија - протест против законот за невработени. 26.02.2017

САД изразија загриженост во врска со тврдењата на групи за човекови права, за како што велат, најострите мерки во последните години на белоруската влада врз демонстрантите. САД ги набљудуваат тековните мирни протести во Белорусија, изјави денеска за РСЕ претставник на Стејт департментот.

„Загрижени сме за затворањето на повеќе учесници и претставници на медиумите во тековните демонстрации. Ја повикуваме Владата на Белорусија да се придржува до своите обврски за почитување на слободата на говор, на медиумите и Собранието“, вели претставникот.

Стотици луѓе во повеќе градови во Белорусија во последниве недели протестираа против контраверзниот закон за невработени, во строго контролираната поранешна советска република.