„За заедничка Македонија“: Паднаа маските

Протести на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“

Пред владата на Македонија на повик на иницијативата „За заедничка Македонија“ почнаа да се собираат демонстрантите кои носат маски во рацете со кои симболично покажуваат дека нема да дозволат да се отври дебата за промени на симболите на државата.

Претходно иницијатива „За заедничка Македонија“ на пресс конференција најави продолжување на протестите за унитарна Македонија со уште поголема масовност се до исполнување на нивните барања - повлекување од тиранската платформа и создавање македонска платформа.

Богдан Илиевски, еден од иницијаторите на „За заедничка Македонија рече дека обидите на мала врата да се отвори дебата за промена на елементите на обединување на граѓаните на Република Македонија нема да помине.

-Паднаа маските. Ние сме за заедничка Македонија, а не за платформи создадени во други држави од кои наши политичари не сакаа да се откажат. И нивните обиди да ги затскријат своите вистински намери ќе наидат на силен отпор на демократската јавност во поддршка на заедничка Македонија. Нема народот да си оди дома, како што бараат авторите и поддржувачите на тиранската платформа, туку во уште поголем број ќе се појави на улиците на РМ, рече Богдан Илиевски,

Тој најави дека денеска ќе има протести во 31 град.

Денеска е трета недела на протестите на кои излегуваат илјадници луѓе во Скопје и други градови низ Македонија.