Лидерот на турската опозиција вели дека референдумот нема да успее

Лидерот на главната опозициска партија во Турција Републиканската народна партија Кемал Киличдароглу

Лидерот на главната опозициска партија во Турција Републиканската народна партија Кемал Киличдароглу предвидува дека Турција ќе гласа против зголемувањето на овалстувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на референдумот во идниот месец. Според него, неуспехот на референдумот ќе биде и поради тоа што и во самата партија на Ердоган се појавиле противења на предолжените уставни промени со кои се менува политичкиот систем во Турција. Со измените се намалува моќта на премиерот, а му се дозволува на шефот на државата да наименува министри и да владее со декрети.