Оставка на четворица албански министри

Премиерот на Албанија Еди Рама

Премиерот на Албанија Еди Рама изјави дека четворица албански министри ќе се повлечат од функцијата за да и се посветат на кампањата пред парламенстарните избори закажани за 18 јуни. Министрите за внатрешни работи, здравство, социјална заштита и локална самоуправа кои се дел од раководоството на владејачката Социјалистичка партија ќе се „фокусираат со обновена енергија врз кампањата“, изјави Рама. Тој ги негираше пишувањата во печатот дека рекострункцијата на владата била изведена по барање на опозициските партии. Опозицијата се закануваше дека ќе ги бојкотира изборите доколку владејачката коалиција не формира преодна влада. Приврзаниците на Демократската партија три недели ја блокираа главната улица во Тирана.