Холандија поднела жалба за инцидентот во Конзулатот во Истанбул

Protesters shout slogans and wave Turkish national flags in front of the Dutch Consulate on March 12, 2017 in Istanbul.

Турските власти носат целосна одговорност за безбедноста на холандските дипломати и дипломатски претставништва во Турција, соопшти попладнево Министерството за надворшни работи на Холандија во врска со денешниот инцидент кога група демонстранти го симнаа холандското знаме од пред Конзулатот на земјата во Истанбул и на негово место поставија знаме на Турција.

„Случувањата се несфатливи. Турските власти носат одговорност за безбедноста на холандската дипломатска мисија во Турција. Ние поднесовме жалба до турските власти,“ се наведува во соопштението.

Протестите пред холандскиот Конзулат беа организирани откако вчера властите во Хаг одбија да му дозволат слетување во земјата на авионот на турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, кој требаше да говори на митинг во Ротердам, а подоцна од Холандија беше протерана и турската министерка за семејни прашања Фатма Бетул Сајан Каја.