ЕУ ја намали финансиската поддршка за Турција

Архивска фотографија, еврокомесарот Јоханес Хан

Европската унија почна со намалување нафинансирањето на програмите, кои постојат во рамките на преговорите за влез на Турција во ЕУ.Ова се однесува пред се до областите во кои нема забележан напредок, вели еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за новинската агенција ДПА. .

„ Веќе запревме одделни програми, за кои немаше соодветен напредок, на пример во областа на градење на правна држава“, изјави вчера Хан.

Од 4,45 милијарди евра, предвидени за поддршка на Турција во периодот од 2014 година до 2020 година, беа исплатени само 167,3 милиони, посочи Хан. Повеќето средства се насочуваат за развој на граѓанското општество, образованието и науката.

Тој потсети дека во декември минатата година повеќето министри за надворешни работи од ЕУ го поддржаа продолжувањето на дијалогот и работата за отстранување на недостатоците при изградбата на правна држава.

„Во таков случај воопшто не би имале средства за притисок за реформи“, истакна Хан, но рече дека преговорите за пристапување „де факто престанаа.

Комесарот за проширување, сепак, истакна дека Турција „останува важен стратешки партнер на ЕУ, независно од состојбата на преговарачкиот процес за нејзино вклучување во заедницата“.