ОН: Светот ќе се соочи со најголемата хуманитарна криза досега

Архивска фотографија, жена со бебе во Нигерија, земја каде над 30 проценти од децата помали од 5 години гладуваат

Светот ќе се соочи со најголемата хуманитарни криза, во изминативе 70 години, затоа што повеќе од 20 милиони луѓе во четири земји се соочуваат со гладување, соопшти шефот на хуманитарната мисија на ОН, Стефан О'Брајан. Тој пред Безбедносниот совет на ОН изјави дека без колективна и глобална добро организирана акција, луѓето ќе умрат од глад или ќе умрат од болести што во основа може да се излечат. Тој побара економска инјекција од 4,4 милијарди долари помош до јули за Јемен, Јужен Судан, Сомалија, и североисточна Нигерија за да се избегне катастрофа. Според ОН, гладување во една земја се прогласува кога над 30 проценти од децата под 5 годишна возраст страдаат од акутна неухранетост а стапката на морталитетот е во пораст.

„Ние се соочуваме со најголема хуманитарна криза која е настаната откако е формирана Организацијата на Обединетите нации“, вели О'Брајан.