Милошоски-Заев не ја отфрли платформата

Архивска фотографија-Антонијо Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ

Зоран Заев се обиде еден час преку читање на партиски памфлет да ја увери јавноста, а тоа можеше да го стори само со една минута- да се откаже јасно и гласно од платформата од Тирана, рече денеска на прес-конференција Антонијо Милошоски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Заев откри дека ќе имало закон за албанскиот јазик, но не ја откри неговата содржина, ниту пак кажа кој ќе биде обвинет за геноцидот врз Албанците како што се бара во платформата, обвини Милошоски. Заев се повикува за знамето и јазикот на експертска дебата, но граѓаните не гласаа за експерти, рече тој.

„Ако сте убеден дека тиранската платформа треба да се отфрли тогаш прифатете ја понудата на ВМРО-ДПМНЕ за малцинска влада која што би ја предводеле “ рече Милошоски кој го понуди и второто можно решение, нови избори.

Според него Заев оставил отворена врата за платформата, а денешната прес-конференција била, како што рече, купување време.